Нема што да ја спречи супермоделката Алесандра Амброзио да ужива уште еден ден на плажите на Малибу со нејзиниот омилен спорт – одбојката. Сексапилната Амброзио уште еднаш го привлече вниманието на папараците во последните денови од летото, а беше во друштво на своите пријатели.

Триесет и деветгодишната Бразилка ја покажа својата совршена фигура додека наизменично сурфаше, се сончаше на песок и играше одбојка на плажа со семејството и пријателите.

Инаку, Алесандра неодамна рекламираше долна облека заедно со еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Португалецот Кристијано Роналдо. Токму поради таа реклама многумина се посомневаа дека двајцата имаат нешто повеќе од пријателство, но, и двајцата ја отфрлија таквата шпекулација.