Албанката, пејачката Бебе Реџа јаде македонски ајвар!

196

– Пробувам да каснам нешто здраво пред црвениот тепих на “Греми”, па денеска јадам ајвар, кој го обожавам, а има и крем сирење.

Сега одам да се спремам за наградите, вели пејачката популарната Бебе Реџа која е Албанка со потекло од Македонија. Бебе Реџа, на “Инстаграм” откри дека јадела македонски ајвар пред доделувањето на “Греми” наградите. На масата пред неа стои полупразна тегла на која пишува “Билјана-македонски ајвар”. Родителите на Реџа потекнуваат од Дебар и Гостивар, а таа на фановите им открива дека македонскиот ајвар е нејзиното омилено јадење.