epa10681695 Carlos Alcaraz of Spain gets medical assistance as he plays Novak Djokovic of Serbia in their Men's semi final match during the French Open Grand Slam tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 09 June 2023. EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Симоне Тартарини, тренерот на италијанскиот тенисер Лоренцо Музети, смета дека Новак Ѓоковиќ е првиот фаворит за пехарот на Вимблдон. Новак ќе се обиде да ја освои осмата титула на терените во Лондон и со тоа да го израмни рекордот на Роже Федерер.

Исто така, Новак цели кон петтата последователна титула на Вимблдон и 24. грен-слем во кариерата, со што би се израмнил со легендарната Маргарет Корт.

„Секако дека Новак е фаворит, пред се тој е оној кој седум пати го освои овој турнир и доаѓа по триумфот во Париз. Дефинитивно е играчот што треба да се победи“, вели Тартарини.

Карлос Алкараз пред почетокот на Вимблдон уште еднаш го престигна Ѓоковиќ на врвот на АТП листата, но тренерот Музети не верува дека Шпанецот може да го победи Новак на лондонската трева.

„Карлос е голем воин и има неверојатен капацитет да се прилагоди на се. Секако дека не е непобедлив, но колку повеќе игра, толку повеќе се подобрува. Сепак, не верувам дека би можел да го победи Ноле ако се сретнат на Вимблдон, но ќе видиме“, заклучи тој.

Првиот светски рекет Карлос Алкараз, требаше да игра на „Џорџо Армани Тенис Класикот“ кој се одржува во Харлингем, ама ќе штеди сила. Предвидено беше Алкараз да одигра две средби, тој прво ја откажа првата, а потоа се повлече во целост.

Дел од овој настан ќе биде Новак Ѓоковиќ, тука се и уште Тиафо, Руне, Тием, Руд… Грен- слем турнирот Вимблдон стартува на трети јули, а во тек се квалификациите.