Ако ти пречат приказните, оди си од Лејкерс

84

Лејкерс губи, Леброн ги критикува соиграчите, така овие денови изгледа во Лос Анџелес, а многу не се промени ниту по поразот од Мемфис со 110:105.

  • Помина многу време и ако и понатаму дозволуваш работите кои се случуваат надвор од теренот да влијаат на твојата игра, тогаш си во погрешна организација. Само треба да дојдеш и да кажеш: „Слушнете, мислам дека ова не е за мене, не можам да го правам ова“, изјави Џејмс, кој имаше 24 поени, 12 скокови и 11 асистенции, и додаде:
    Сериозно велам, ако таа борба за плејоф ни е попречена и ако ни пречат околните приказни… Само дојди и работи си ја својата работа. Работиме на високо ниво секоја вечер, тоа треба да биде желба на секого, да се бориме за нешто.

По поразите од Њу Орлеанс и Мемфис, два тима кои се во долниот дел од табелата, „езерџиите“ се десетти во Западната конференција со скор од 29:31, но и покрај тоа Леброн е оптимист.

  • Мора да останеме позитивни, а тоа почнува од мене, додаде „Кралот“.

Леброн е меѓу најдобрите играчи во историјата на НБА лигата според бројот на поени и асистенции. Тој е петти по број дадени кошеви и десетти по бројот на додавања за кош, откако го мина и Андреа Милер.

Лејкерс сега ги очекува нов меч со „пеликаните“, потоа следува и Милвоки, како и гостувања кај Феникс.

Резултати: Њујорк – Орландо 108:103, Торонто – Бостон 118:95, Денвер – Оклахома 121:112.