Кичевски печалбар изгради куќа на социјално загрозено семејство

105

Деветчленото семејство Салиу од село Бачишта, Кичевско, живеело во една стара трошна куќа, изградена со кал и прачки, со два кревета без кујна и тоалет, па кога за ова дознал печалбарот кичевчанец од село Зајас, кој живее и работи во САД, тој од свој џеб им изгради нова куќа на социјално загрозеното семејство Салиу, односно донирал 12.000 долари. За да се докомплетира новоизградената куќа помогнале и неколку други кичевски бизнисмени.

– Јас оваа донација ја давам од хумани причини, а не за афирмација. Ќе бидам среќен ако и тоа семејство барем за момент се чувствува среќно – изјавил донаторот кој инсистира да не му се објавува името.

Семејството Салиу изразува благодарност до донаторот, но и до сите други хумани луѓа кои помогнаа тие да се преселат во новата куќа. Иницијативата за да му се помогне на ова семејство потекна од група интелектуалци од овој регион кои знаеле за тешкотиите со кои се соочувало и решиле да побараат помош.