Владата со новите мерки забрани  посета на гробишта на територија на цела држава , освен за погреби  од вечерва  од 21:00 часот до понеделник до 05:00 часот.

Мерката е да се спречи поголемо групирање на населението, со оглед дека овој викенд е христијанскиот празник Задушница.

Очекувано, многу граѓани, уште рано утрово се упатија кон гробиштата, ако неможе на денот за Задушница , може денес.

фото: П.Стојановски