Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл рече дека ѝ е жал што децата денес мора да растат во свет, во којшто расизмот сè уште постои. Таа истакна и дека настаните во Соединетите Американски Држави се погубни.

Маркл ова го кажа ова во видеообраќање до учениците од гимназијата во Лос Анџелес каде што и таа учела, а по повод масовните протести во САД по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

– Знам дека знаете дека животот на црнците е важен. Првото нешто што сакам да ви го кажам е дека многу ми е жал што треба да пораснете во свет каде што тоа сè уште се случува, рече Меган, чија мајка е Афроамериканка.

Таа додаде и дека „единствената погрешна работа што може да се направи“ е да не се каже ништо за тоа.