Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на белгискиот интернационалец од редовите на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Еден Азар. „Кралскиот клуб“ се обидува на секаков можен начин да се ослободи од услугите на офанзивниот играч за врска, но голем проблем на Тотенхем може да биде платата на Азар од 20 мил. евра.