Тројца загинати во пожар во магацин за хартија во близина на Москва

19

Три лица загинаа во пожар што избувна утрово во складиште за хартија во близина на Москва, јави руската државна новинска агенција РИА, повикувајќи се на службите за итни случаи.

– Се запали магацин со хартија и картон во Одинцово кај Москва … Тројца работници загинаа, пожарот е изгаснат, изјави претставник на службата за итни случаи.

Причината за пожарот не е позната.

Светските агенции нагласуваат дека извештаите не можат независно да се потврдат.