Грчкиот ракометен тим АЕК е освојувач на ЕХФ купот (до минатата година Челинџ куп). Грчкиот тим во двата натпревари славеше над шведскиот Иштад со четири гола разлика. Откако го доби првиот натпревар со 30:24, „жолто – црните“ во реваншот славеа со 24:20. Двата натпревари беа одиграни во Атина.

Ова е прв европски трофеј за АЕК, а интересно е и тоа што е освоен на денот на годишнината од основањето на клубот, 30 мај 1924 година.

Грчкиот репрезентативец Милонес со пет, односно Домприс и Кедерис со по четири гола беа најефикасни во победничкиот тим, а кај Швеѓаните, Нигрен беше најефикасен со пет гола.