Најголемата ѕвезда во тимот на Милвоки, Јанис Адетокумбо, кој со својата екипа има реални шанси да се пласира во големото НБА-финале, ќе финансира во изградба на затворен кошаркарски терен во Грција, во регионот во кој минатата година изби пожар и настрадаа стотина луѓе.

  • Ќе биде изграден модерен центар со челична конструкција кој ќе биде завршена до крајот на летото, изјави градоначалникот на подрачјето Рафина, Вангелис Бурнус, пренесува „АП“.

Инаку, Адетокумбо е дете на имигранти од Нигерија, роден е и израснат во Атина, а во САД се преселил во 2013 година.

  • До сега во животот имам направено многу. Давам пари на моето семејство, помагам и обезбедувам приватно образование, помагам на роднините во Нигерија и во Грција, изјави Антетокумбо кој воедно покажа дека има големо срце.

Што се однесува до натпреварите во плејоф серијата, Милвоки моментно води со 2-1 во победи против Торонто во конференциското финале, додека актуелниот шампион Голден стејт обезбеди пласман големото НБА-финале, откако му удри метла (4-0 во победи) на Портланд.