Репрезентативецот на Македонија, Илија Нестровски, во 2016 година беше крунисан за најдобар стрелец во хрватската Прва лига. Како напаѓач на Интер од Запрешич, Несторовски постигна 25 погодоци. За време на летниот преоден рок Македонецот беше продаден на италијанскиот калчолигаш Палермо кој тогаш се натпреваруваше во Серија А. Пред неколку дена, Фудбалската федерација на Италија одлучи да го исфрли Палермо во Серија Ц, поради неколку финансиски малверзации.

Доколку не успеаја поднесената жалба на раководните лица, Несторовски ќе си замине од Сицилија и ќе го облече дресот на старо-новиот шампион на Србија, тимот на Црвена звезда, пишува хрватскиот портал „Индекс“, кој пак се повикува на македонските медиуми.

Според „Трансфермаркет“, Нестровски вреди околу 4 мил. евра, а Црвена звезда се обиде да ги осигури неговите услуги и кога имаше 20-години. Според српските медиуми, трансферот на Македонецот е повеќе од реалност, а освен тие на „новиот Дарко Панчев“, шампионот на Србија ќе ги осигури и услугите на бразилскиот интернационалец Џонатан Кафу.

Интересно, Несторовски е последниот фудбалер кој во една сезона од хрватската Прва лига, има постигнато повеќе од 20 погодоци. После него, најдобри стрелци беа Марко Фукташ од Хајдук со 18 погодоци и Халил Судани од Динамо (З) со 17 погодоци.

Кога е во прашање актуелната сезона, битката за најдобар стрелец се води помеѓу напаѓачот на Осиек Мирко Мариќ и Мио Чакташ од Хајдук. Двајцата на едно коло до крајот на сезоната имаат постигнато 18 погодоци, а на третата позиција е фудбалерот на Риека, Јаков Пуљиќ, кој има постигнато 16 погодоци.

Голема е веројатноста дека по истата патека ќе тргне и вториот македонски интернационалец од редовите на Палермо, Александар Трајковски. Тешко е за верување дека крилниот напаѓач ќе прифати да игра во италијанската трета лига.