Австријците за Божик си подариле милијарда евра, во Македонија божикното дарување – нова мода

70

За децата играчки, за понежниот пол парфемче или некој моден аксесоар, а за мажите најчесто некој пијалак. Ова е главниот избор на подароци кои македонските граѓани си ги даваат за Божик. Во Македонија, всушност и нема таква традиција, зашто дарувањето е главно резервирано за Нова година која се слави една недела претходно. Но во последно време, барем меѓу помладите, давањето подароци за Божик влегува во мода.

Кај католиците, пак, главната размена на подароци е на Божик, кој тие го слават на 25 декември, пред Нова година. Подароците се слични како и нашите, но интересно е тоа што годинава Австријците, веројатно во недостаток на инспирација, под елката ставале пари. Според едно истражување како божикен подарок тие меѓусебно си поделиле близу една милијарда евра, или за секого во просек по 256 евра. Според тоа истражување три од четири вакви подароци веднаш ќе се потрошат, а другите ќе станат заштеда.

Во соседна Србија, пак, божикните подароци се слични како и нашите, но интернетот нуди интересен податок дека во 2019 година, кога беснеела Првата балканска војна, трговците како божикен подарок за мажите рекламирале – оружје.