Авион кој летал кон Дубаи, принудно слетал на аеродромот Бургас

46

Авион на нискобуџетна авиокомпанија попладнево принудно слета на аеродромот Бургас.

Авионот „Ербас А321“ вршел редовен лет од Кишињев кон Дубаи, кога екипажот пријавил дефект на моторот.

Слетувањето е извршено со еден мотор и немало никаква опасност за 131 патник и шестчлениот екипаж во авионот.

Тие моментно престојуваат во хотел во црноморскиот град, а бугарските експерти за цивилно воздухопловство ќе извршат преглед на моторот на авионот.