Шамарот за Макрон: Кај напаѓачот пронајдена книга за Хитлер и оружје

608

Полицијата соопшти дека во куќата на еден од напаѓачите кој му удри шлаканица на францускиот претседател Емануел Макрон, пронашле оружје и копија од книгата на Хитлер „Мајн Кампф“.

Уапсени се двајца дваесет и осумгодишни мажи пред училиште во југоисточна Франција.

За време на посетата на неколку места на југоисток од земјата, Макрон се приближи до група луѓе, а потоа еден човек го фати за раката, го повлече претседателот на Франција и му удри шлаканица.

По нападот, полицијата изврши претрес во домовите на осомничените за нападот врз францускиот претседател.

Книга и оружје се пронајдени во куќата на еден од напаѓачите кој е осомничен за снимање на нападот врз Макрон. Освен оружјето пронајдено во куќата, полицијата пронашла меч, кама и колекционерска пушка, за кои тој има дозвола за поседување. Не е познато дали оружјето е во функција.

На видеото се гледа како Макрон оди кон заштитната ограда и се приближува до група луѓе, а потоа маж во зелена маица го влече со раката и му удира шлаканица.

Шлаканицата за Макрон – од друг агол/ВИДЕО