В недела од 7 до 10 часот ќе се одржи улична трка на 10 километри

43

Од 7 до 10 часот во недела ќе се одржи улична трка на 10 километри, насловена како „Халк Еко Скопје трча 10К 2021“ во организација на Сојуз на спортови на Скопје.

Како што јавија организаторите, три часа за сообраќај ќе бидат затворени булеварот Илинден“ (во двете насоки) од крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“ (Фонтана Градски парк) до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, лево по ул.„Никола Парапунов“ десно по бул.„Партизански одреди“ до крстосница со ул.„Ангел Динев“ (мост Влајко) полукружно назад по бул.„Партизански одреди“ (во насока кон Сити мол) до крстосница со ул.„Љубљанска“, полукружно назад по бул.„Партизански одреди“, десно по ул.„Никола Парапунов“, десно по бул.„Илинден“ до целта (Фонтана Градски парк) во Скопје.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.