Утре е краен рок за поднесување на барање за дополнителен грејс-период за ,,Ковид 3” кредитната линија

147

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје на својата веб-страница објави јавен повик со кој им се нуди можност на кредитокорисниците на кредити од третата бескаматна кредитна линија „Ковид 3“, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за 12 (дванаесет) месеци.

Согласно јавниот повик, компаниите треба да поднесат електронско барање до банката, кое може да се преземе од веб – страницата на банката. Барањето се прикачува електронски, на веб форма објавена во самиот повик. Како услов за одобрување на барањето за дополнително утврдување на грејс – периодот и продолжување на рокот на отплата на кредитот е кредитокорисникот, пред поднесување на барањето, да ги има подмирено сите доспеани обврски по основ на главница и камата по кредит од кредитната линија од Фонд за микро и мали претпријатија (Ковид 3).Поднесеното барање за дополнителен рок и грејс–период, не го елиминира правото во иднина да се поднесе барање за отпуштање  на долгот од 30 отсто од износот на кредитот, согласно утврдените критериуми наведени во договорот за кредит.

Повикот важи заклучно со 11.12.2021 година, кога е и последниот ден за поднесување на барањата.