Се мери бучавата од угостителските објекти и автопералниците

120

Инспекциските служби на Општина Аеродром во изминатиот период извршија мерења и анализа на нивото на бучава во животната средина.

Како што информираат од локалната самоуправа, мерењето ја опфатило бучавата од угостителските објекти, автопералниците и бучава што се емитува од надворешните единици на клима-уредите од маркетите.

 -На две места од извршените мерења резултатите покажаа надминување на максимално дозволеното ниво на бучава, за што ќе бидат преземени соодветни мерки согласно со Законот за заштита од бучава – соопштија од Општина Аеродром.

Оттаму додаваат дека во периодот што следува континуирано ќе се вршат мерења на бучавата по пријава од граѓани, но и по службена должност.

 Општина Аеродром упатува апел да се почитуваат пропишаните правила и закони, бидејќи прекршувањата според член 56 и 57 од Законот подлежат на високи глоби, кои се движат од 2.000 до 3.000 евра за трговци поединци, а од 6.000 до 98.000 евра за микро, мали, средни и големи трговци.