Памела Андерсон со конечна одлука: Заминувам, конечно се чувствувам слободна, повеќе никој нема да го контролира мојот мозок! (ФОТО)

436

Секс симболот од 90-тите години, Памела Андерсон (53) повеќе не сака да ги користи социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Твитер, а својата најнова одлука ја сподели со фановите.

Ѕeвездата на познатата серија „Чувари на плажата“ ја сподели последната фотографија на Инстаграм, објаснувајќи ги своите причини за напуштање на социјалните мрежи.

“Ова е мојот последен пост на Инстаграм, Твитер и Фејсбук. Никогаш не сум била заинтересирана за социјалните медиуми и сега конечно се чувствувам слободна,а прифатив живот искрено инспириран од читањето и од природата. Ви благодарам на сите за љубовта. Испраќам благослови. Се надевам дека ќе најдете сила и инспирација да ја следите целта, не дозволувајте изгубеното време да ве заведе. Тие го сакаат тоа и го користат за да заработат пари на вас. Преземете ја контролата во свои раце! гласи најавата на 53-годишната актерка.

Извор:www.msn.com