Ракометната репрезентација на Данска е првиот полуфиналист на Светското првенство во Египет, откако во најлудиот меч во историјата по изведување на пенали славеше над домаќинот со вкупни 39:38.

Двата тима имаа можност да го решат натпреварот и во регуларниот сел и во продолжението, но не успеаја по што следеше изведувањето на удари од седум метри.

Интересно е тоа што на овој натпревар беа поделени два црвени картони по еден на двете страни. Интересно е тоа што во данскиот тим црвен картон доби нивниот најдобар играч Микел Хансен.

Хансен со десет гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај Египет Јахија заврши исто така со десет, а новиот голман на Пелистер Хендави забележа осум интервенции.

Во полуфиналето Египет ќе игра со подобриот од мечот меѓу Шпанија и Норвешка.