И верските лидери со порака:  Носете маски 

56

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи Даријан Сотировски и верските лидери од средбата што ја имаа во Клубот на пратениците повикаа на почитување на здравствените мерки и кон верниците упатија апел да празнуваат одговорно. Верските поглавари бараат да бидат вклучени во изготвувањето на образовните реформи.

Во соопштението се вели дека на средбата учествуваа поглаварите на црквите и верските заедници споменати во Уставот, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Реисул Улема на ИВЗ х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, Бискупот скопски и струмичко-скопски епарх монсињор Киро Стојанов и суперинтендентот на ЕМЦ г-дин Марјан Димов. Поради објективни причини отсуствуваше претседателот на ЕЗРМ г-ѓа Берта Романо Николиќ.

„Со оглед на периодот кој нѝ претстои верските лидери едногласно апелираат до граѓаните да се придржуваат до сите пропишани мерки за заштита од коронавирусот пропишани од здравствените власти, да не го губат трпението, затоа што во пресрет на имунизацијата одговорноста за контролата над вирусот кај секој од нас е највисока. Да празнуваме одговорно, да бидеме во кругот на семејството и да избегнуваме собири, освен кога е неопходно, но со доследно почитување на обврската за одржување дистанца и носење на заштитна маска”, се вели во заедничкото соопштение од средбата.