Научниот експеримент што траел 20 години го потврди предвидувањето за теоријата на релативност на Алберт Ајнштајн.

Астрономите набљудувале како движењето на далечниот sвезден систем ги демонстрира ефектите на “повлекување со себе”, што се случува кога небесните тела се движат во рамки на т.н. вселенско време, односно димензиите на простор-време се споени во едно.

Тоа е заклучок на 20-годишната студија и докажува дека теоријата е точна, по цели сто години откако за првпат била предложена, потврдувајќи го предвидувањето на Алберт Ајнштајн.

Повлекувањето со себе било забележано на Земјата, кога сателитите го прегледувале гравитациското поле на нашата планета додека ротира. Но, ефектот е многу мал и е тежок за мерење и испитување.

Помасивните предмети како што се неутронските sвезди или белите џуџиња, им даваат на научниците шанса да го испитаат овој феномен во многу поголема мера.

Идејата дека ротирачките тела можат да влечат простор и време со себе, први ја предложиле австриските математичари Jозеф Ленсе и Ханс Тиринг, три години откако Ајнштајн ја објавил својата општа теорија на релативност, пишува “Independent”.