Џулијана: Нема ништо помоќно да му помогнете на дете кому му е потребна поддршка

135

Згрижувачката Џулијана имала позитивни примери во своето семејство преку роднини кои згрижувале деца и таа учела од нив, од најдобрите.

Од Црвениот крст на Град Скопје велат дека таа заедно со својот сопруг, одлучиле да тргнат по тој хуман пат и веќе шест години згрижуваат едно прекрасно, насмеано дете.

-Детето ми носи среќа, радост и љубов-вели Џулијана.

Таа раскажува дека децата и се веќе големи, тргнати по својот пат и таа одлучила љубовта да ја дели и со другите деца, оти само она што се дели, всушност се множи и се зголемува.

-Прекрасно е чувството да сте згрижувач и да му помогнете на дете кому му е потребна поддршка и љубов додека расте и се развива. Навистина нема ништо подобро и помоќно на овој свет-смета Џулијана.

Денеска е ден на згрижувачите.

-Денеска е денот кога ќе се чита за нив и нивните позитивни приказни кои ќе бидат споделени со граѓаните. Згрижувачите се тука сите 365 дена за децата. Да им дадеме поддршка, да им дадеме моќ, да бидеме и ние нивен глас, нивните приказни да инспирираат и други со цел повеќе деца да бидат згрижени-потенцираат од Црвениот крст на град Скопје и додаваат дека тие реализираат низа на активности во соработка со Меѓуопштинкиот центар за социјална работа на град Скопје за поддршка и социјализација на децата сместени во згрижувачки семјства.