Ќе стигне ли конечно гасот од Грција во Македонија?

Пловечката единица за складирање и регасификација (FSRU), со капацитет од 153.500 квдратни метри на LNG, ќе биде поврзанa со Националниот систем за пренос на природен гас на Грција со цевковод долг 28 километри, преку кој гасифицираниот LNG ќе се пренесува на пазарите во Грција, Бугарија и поширокиот регион, од Романија, Србија и Северна Македонија, сè до Молдавија и Украина

135

Акционерите на грчката компанија „Гастрејс“ (Gastrade SA) донесоа конечна инвестициска одлука (FID) за изградба на Самостоен систем за природен гас (INGS) во Александрополис. Компанијата соопшти дека ги обезбедила сите барања за реализација на проектот.
„Изградбата и функционирањето на терминалот за течен природен гас (LNG) во Александрополис ќе придонесе за енергетската безбедност, ликвидност и диверзификација на земјата и целиот регион на Југоисточна Европа, зајакнување на стратешката улога на Грција и нудење алтернативни извори и рути за снабдување со природен гас во областа“, соопшти компанијата.
Пловечката единица за складирање и регасификација (FSRU), со капацитет од 153.500 квдратни метри на LNG, ќе биде поврзанa со Националниот систем за пренос на природен гас на Грција со цевковод долг 28 километри, преку кој гасифицираниот LNG ќе се пренесува на пазарите во Грција, Бугарија и поширокиот регион, од Романија, Србија и Северна Македонија, сè до Молдавија и Украина.
Терминалот се очекува да проработи до крајот на 2023 година, при што договорениот капацитет за регасификација веќе достигнува до 50 отсто од техничкиот капацитет од 5,5 милијарди кубни метри годишно.
Се напоменува дека Александрополис INGS е вклучен и финансиран од Оперативната програма на NSRF „Конкурентност, претприемништво и иновации 2014-2020“ (EPAnEK)“ во износ од 166,7 милиони евра.
Основачката акционерка и претседателка на Управниот одбор на Gastrade, Елмина Копелузу изјави:
-Конечната одлука за инвестирање отвора ново, важно поглавје во енергетската безбедност на земјата и Југоисточна Европа. Посебно сме среќни што Gastrade презема критичен проект кој е приоритет за Европската Унија. Александрополис INGS ќе придонесе за безбедноста на снабдувањето со енергија, ќе ги диверзифицира енергетските рути и ќе придонесе за развој на конкуренцијата во корист на крајните потрошувачи.
Toa е гасниот терминал во кој е вклучена и земјава која треба да инвестира меѓу 6,5 и 7,5 милиони евра. во инвестицијата учествуваат Грција, Бугарија, една американска и една грчка компанија „Гастрејсд“.
GASTRADE S.A. е првата компанија во Грција која доби лиценца за независен систем за природен гас. Таа ги проучува, дизајнира, развива управува со инфраструктура, која е неопходна за прием, пренос и дистрибуција на природен гас, како и за негово складирање, втечнување и повторна гасификација, на безбеден, сигурен и финансиски здрав начин. Петте акционери на Gastrade се Елмина Копелузу, GasLog Cyprus Investments Ltd., DEPA Commercial A.E., бугарскиот Bulgartransgaz EAD ("BTG") и DESFA S.A.