Јелена го откри омилениот десерт на Ноле: Безглутенски енергетски бомбици од само 4 состојки, без печење

219
Pexels

Ако внимавате на вашата фигура и се храните здраво, мора да избегнувате слатки. Но, не мора целосно да се откажете од слатките бидејќи постои рецепт за здрав десерт кој се прави неверојатно брзо и со само неколку состојки.

Познато е дека Јелена и Новак Ѓоковиќ максимално избегнуваат преработена храна, па логично е наместо обичен чоколаден бар полн со шеќери, да се одлучат за нешто направено од природни состојки, без печење.

Јелена еднаш призна дека овие енергетски бомбици никогаш немаат ист вкус, бидејќи секогаш експериментира и додава различни состојки, но едно е секогаш исто: не содржат шеќер, ниту глутен и се многу вкусни.

Денеска ви пренесуваме еден многу едноставен рецепт кој Јелена најчесто го подготвува, кој не само што е готов за пет минути, туку бара само четири состојки!

Состојки
1 шолја индиски ореви (или јаткасти плодови по избор)

8 урми без јами (или суво овошје по избор)

2 лажици какао во прав

2 лажици кокосово масло (или путер од бадем)

Изборно: млеко (или растително млеко ако постите) по желба за врзување на состојките ако е премногу суво, мед, чоколадо или протеински прав од ванила (ако сакате протеински бомби), овесна каша, кокосови снегулки, банани.

Подготовка
Едноставно ставете ги сите потребни состојки во блендер и пулсирајте додека не се направи хомогена маса.

Ставете го во фрижидер малку да се стегне, па од него направете топчиња кои по желба можете да ги валкате во какао или кокосово брашно или кокосови снегулки.

Овие бомбици можете да ги носите со себе насекаде, доволно се слатки бидејќи содржат сушено овошје, но се и многу здрави и вистинска енергетска бомба.