Јавни ќенефи поставени покрај рекреативната патека на кејот на Вардар

259

Покрај патеката на кејот на Вардар од Аеродром до центар што служи за рекреативно трчање или пешачење, се поставени јавни мобилни вециња (тоифор). Ги има поставено на повеќе локации долж патеката. Впрочем, тоифор имаше и кај галијата кај „Холидеј Ин“, но на некој(и) хулигани им пречел и го фрлиле во Вардар. Да не се нашол еден од столбовите на галијата за кој се закачил, тоифорот „гордо“ ќе пловеше низ Вардар.

Проблемот со немањето јавни тоалети во главниот град кои треба да им помогнат на тркачите рекреативци на кејот на Вардар, кои наместо да се стискаат би спортувале многу полесно, провејува со години. Срамежливо се спомнува и се „решава“ во повеќе изборни циклуси, но не толку гласно како што беше во трката за градоначалник на Град Скопје на локалните избори минатата есен.

Токму немањето на вакви тоалети во Скопје, беше тема на жестока дебата меѓу кандидатите за градоначалници на Скопје. Бени Шакири од коалицијата ЛДП-ДОМ и Перо Георгиевски од Левица му забележаа на ексградоначалникот Петре Шилегов дека не ја исполнил програмата за 2017 година дека ќе постави тоалети низ градот. Шилегов, тогаш им одговори дека „барокот не оставил место за јавни тоалети, а во малото и големото корито на Вардар не смеат да се поставуваат“.

(С.Бл.)