Самарас: Извештајот на Дора Бакојани не ја претставува Грција

100
EPA/SIMELA PANTZARTZI

Поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, денеска остро ја критикуваше Дора Бакојани, известувач за прием на Косово во Советот на Европа, нагласувајќи дека нејзиниот извештај не ја претставува Грција, ниту културата и традициите на таа земја.

„Грозните работи што се случија неодамна во врска со Косово не ги претставуваат Грција и елинизмот“, рече Самарас.

Тој додаде дека Грција попрво треба да се занимава со одбележувањето на 50-годишнината од турската инвазија на Кипар, наместо, како што рече, „да го влече хеленизмот на опасни патеки, како со резолуцијата за Косово“, пренесува порталот Товима.