Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, откри како се мотивира за секој нареден турнир и покрај тоа што досега има освоено сè што може да се освои, освоено 16. грен слем титули. Тој во разговор за британските медиуми по освојувањето на петта титула на Вимблдон ги откри своите цели, а тие се поврзани со неговите најголеми конкуренти Швајцарецот Роже Федерер, кој има 20 грен слем титули и Шпанецот Рафаел Надал, кој има 18 трофеи од големите натпреварување.

  • Грен слем титулите во овој период од кариерата имаат приоритет. Втората цел е уривање на рекордот по бројот на недели на првото место на АТП листата, а од тоа воопшто не сум далеку, изјави српскиот тенисер.

Ѓоковиќ влезе во 261 недела на првото место на АТП листата, пред него се само Џими Конорс (268), Иван Лендл (270), Пит Сампрас (286) и Роже Федерер (310).

Ѓоковиќ заедно со Надал по завршувањето на турнирот во Лондон обезбеди место на Завршниот мастерс турнир во Лондон, кој ќе се одржи од 10 до 17 ноември.

Србинот со освоувањето на титулата го преседе првото место во трка за Лондон со освоени 6.725 бодови оваа сезона. Србинот претходно беше најдобар на Австралија опен и во Мадрид. Зад него на оваа листа е Рафаел Надал со 6.225 бодови. Шпанецот местото на турнирот во Лондон го обезбеди кога се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон. Кралот на земјените терени сезонава триумфираше на Ролан Гарос и на мастерс турнирот во Рим.

Ѓоковиќ исто така ќе има можност да се бори за шеста титула на завршниот мастерс турнир во Лондон, додека Надал никогаш го нема освоено трофејот на овој турнир.
На третото место во трката за Лондон е Швајцарецот Роже Федерер со 5.060 бода, а зад него се Доминик Тим со 3.315, Стефанос Циципас со 2.995, Кеи Нишикори со 2070, Роберто Баутиста Агут  со 1.980 и Данил Медведев со 1.855 бода.

На деветто место е Италијанецот Фабио Фоњини, додкеа последното место е шампионот од минатата година  Германецот Александар Зверев.