Поранешниот светски боксерски шампион, Пернел Витакер, почина во сообраќајна несреќа на 55 години од животот. Тој настрада во родната Вирџинија, место во кое го помина целиот живот, а воедно се занимаваше и со тренирање на мали деца откако се пензионираше.

Како што пренесуваат американските медиуми, Витакер поради силниот удар починал на самото место на несреќата поради добиените сериозни побреди.

  • Сакам да ги известам луѓето дека ја загубивме легендата и еден од најголемите боксери во историјата на овој спорт – мојот татко Перел. Ве молам да ја почитувате приватноста на семејството во овие тешки моменти, изјави неговата ќерка Доминика.

На социјалните мрежи од олимпискиот шампион се прости и Американецот Флијд Мејведер.

  • Почивај во мир прваку. Ти си единствениот кој успеа да направи неверојатни работи во боксот, напиша Мејведер на својот Инстаграм – профил.

Витакер беше олимписки шампион во 1984 година на Игрите во Лос Анџелес, а потоа започна и професионална кариера. Беше светски шампион во четири различни категории и се смета за еден од најдобрите дефанзивни боксери во историјата.

Во текот на кариерата настапи на 45 меча, од кои на 40 славеше. Во периодот од 1993 до 1997 година се сметаше за најнеприкосновен боксер во светот.

Витакер беше во рангот на Мохамед Али и Рај Леонард. Беше еден од најдобрите боксери кои некогаш сум ги гледал, изјави Ирвинг Меџик Џонсон, еден од најдобрите НБА кошаркари на сите времиња.