Шон Бин одбива да глуми ликови кои ќе умрат

270

Шон Бин стекна имиџ на актер кој толкува улоги во кои мора да умре во некој дел од филмот или серијата. Досега умрел дури 23 пати, па поради тоа актерот одлучил да почне да ги одбива улогите во кои неговиот лик го губи животот.

Овој 60. годишен актер во интервју за „Сан“, рекол дека почнал да ги одбива улогите бидејќи толку пати умрел на екранот, што луѓето почнале да претпоставуваат дека ликот кој тој го толкува, веројатно во некој дел од филмот ќе умре.

„Стана премногу предвидливо. Морав да прекинам со таквите улоги и да почнам да преживувам“, рекол актерот. 

Тој додава дека секогаш игра улоги на негативец, па логично е неговиот лик да умре.

Интересно е дека не е само актерот уморен од умирање на големото платно, туку и неговите фанови во 2014 година покренаа хаштаг на Твитер #dontkillBean.