Според аналитичарите во Голдман Сакс, со приближно 8 отсто месечна добивка, златото има простор за раст, при што благородниот метал е на пат да достигне 2.300 долари за унца до крајот на годината.
Аналитичарите на „Голдман Сакс“ ја надградија прогнозата за просечната цена на златото за 2024 година од 2.090 долари на 2.180 долари за унца, со цел 2.300 долари до крајот на годината.
„Сепак, ние продолжуваме да имаме конструктивен став за златото на среден рок, поткрепен со можното олеснување на ФЕД, што би требало клучно да го реактивира главно заспаното купување на ЕТФ“, напиша Дарт.
Инаку, ЕТФ или „фондови со кои се тргува преку размена“ се фондови кои тргуваат на берзите, генерално следејќи специфичен индекс. Кога се инвестира во ETF, се добива пакет на средства што може да се купат и продат во текот на пазарните часови – потенцијално намалувајќи го ризикот и изложеноста, а истовремено помагајќи да се диверзифицира портфолиото.
Порастот на цената на златото не е поврзан со неодамнешните одливи во ЕТФ поврзани со злато. Стратезите веруваат дека инвеститорите ги ротирале парите во биткоин ЕТФ додека токенот се „тркалаше“ кон нови врвови претходно овој месец.
Централните банки купуваа злато на историски нивоа, што помогна да се зголеми побарувачката во последниве години.
Прилагодено на инфлацијата, златото достигна рекордно високо ниво во 1980 година кога достигна 850 долари за унца, што би било еднакво на речиси 3.200 долари во денешни долари.