Холандската полиција конфискува сендвичи од британските возачи поради правилата за Брегзит

76

Нови правила по Брегзит стапија на сила и холандската полиција конфискува сендвичи од изненадени британски возачи деновиве на влезот во ЕУ, објави Би-Би-Си во вторникот.

На холандските телевизиски снимки се гледа дека граничарите им ги објаснуваат на возачите правилата за увоз, воведени откако Британија официјално ја напушти ЕУ. Според овие правила, патниците кои влегуваат во Унијата не можат да донесат месо и млечни производи. Се чини дека тоа ги збуни возачите.

По Брегзит, веќе не можете да увезувате одредени видови храна во Европа, како месо, овошје, зеленчук, риба и такви работи“, му вели холандскиот пограничен стражар на возачот, објави телевизијата НПО1. На видеото се гледа како полицаец го прашува возачот дали има месо во завитканиот сендвич. Кога возачот одговори потврдно, граничарот вели „Добро, ќе ти го земеме“. Изненадениот возач потоа прашува дали може барем да го задржи лебот, на што полицаецот му рече „Не, ќе земеме сè. Добредојдовте на Брегзит, жал ми е “.

Велика Британија официјално се оддели од ЕУ на 31 декември. Од 23 часот тој ден, европските правила повеќе не важат за неа и стапија во сила нови, во врска со патувањето, трговијата, имиграцијата и безбедносната соработка. Излегувањето на Велика Британија доведе до големи промени во економијата, бидејќи Велика Британија и ЕУ станаа одделни пазари.

Извор:www.bbc.com