Харви Вајнстин повторно ќе се појави на суд: На чекор до повторно судење за силување?

56

Холивудскиот продуцент Харви Вајншстин ќе се појави пред градскиот суд во Њујорк следната недела, што е првиот чекор кон потенцијално повторно судење откако неговата пресуда за силување во 2020 година е поништена.

Пред два дена Врховниот суд на државата Њујорк ја укина пресудата против Вајнстин (72), кој беше осуден на 23 години затвор за силување.

Пресудата, која беше прогласена за победа на движењето #MeToo против сексуалното недолично однесување, беше поништена бидејќи, според Високиот суд, судењето на Вајнстин не беше фер.

Канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен соопшти дека имаат намера да бараат повторно судење, но не прецизираа што ќе биде на дневен ред за сослушувањето во среда.

„Ќе направиме се што е во наша моќ за да има ново судење во овој случај и цврсти сме во нашата посветеност на преживеаните од сексуален напад“, соопшти во петокот канцеларијата на окружниот обвинител.

Една жена поради сексуалниот напад на кој Вајнстин беше осуден, изјави во петокот дека размислува да сведочи на можно ново судење.

Мими Хејли рече дека сè уште ја разгледува одлуката на државниот Апелационен суд да ја поништи пресудата на Вајнстан и дека зема предвид различни фактори како што се траумата од подготовката за уште едно судење и повторното преживување на она што и се случило.

Таа рече дека не сака повторно да го доживее сето тоа, но дека е подготвена да ја разгледа можноста за да ја направи вистинската работа бидејќи тоа се случило.

Вајнстин беше осуден во февруари 2020 година на 23 години затвор, откако беше прогласен за виновен за обвиненијата за насилен орален секс со Мими Хејли, асистент на телевизиски и филмски продуцент во 2006 година и силување на млада актерка во 2013 година.

Одлуката на Апелацискиот суд во Њујорк го врати случајот на Вајнстин на вистинскиот пат, а сослушувањето следната недела е првиот чекор кон потенцијално ново судење.

Иако првичната пресуда беше укината, тој ќе остане во затвор бидејќи во 2022 година во Лос Анџелес беше осуден на 16 години затвор за уште еден случај на силување.