Халанд во Реал (М) за плата од 20 мил. евра

653

Актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Реал (М), веќе не крие дека сака да го купи напаѓачот на Борусија од Дортмунд, Ерлинг Халанд. Челниците на „кралскиот клуб“ се повеќе од заинтересиран за 20-годишниот напаѓач и се уверени дека е фаворит во борбата со за неговиот потпис кој е желба на сите европски гиганти.

Прво, клубот  добро знае дека норвешкиот интернационалец силно посакува да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, а неговиот репрезентативен колега, Мартин Одегард веќе му ги откри сите предности доколку го облече дресот на Реал (М).  Втора многу важна работа е дека претседателот на бордот на директори на Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке, со претседателот на Реал (М), Флорентино Перез, имаат блиски односи. Трето, агентот Мино Раиола е многу заинтересиран да започне плодна соработка со Реал, пишува шпанскиот весник „Ас“.

Најважната точка е добриот однос на Вацке со Перез, бидејќи Борусија ќе му даде приоритет на Реал (М) при изборот на нов клуб за Халанд. Исто така постои можност клубовите да се договорат за трансфер на сумата која ќе биде исплатено на неколку рати.

Реал (М) ќе мора да потроши околу 150 милиони евра за да го купи Халанд од Борусија. Платата на играчот може да достигне 20 милиони евра годишно, а договот би требало да биде со важност до 2027 година.

Претходно беше соопштено дека претставниците на Халанд разговарале со Реал (М), Барселона, Челзи, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Норвежанецот во актуелната сезона има одиграно 22 натпревари во Бундеслигата на кои постигна 21 погодок.