Филипче: Мерката за носење заштитни маски што ја препорача СЗО, веќе ја имплементираме кај нас

115

СЗО со ажурирањето на упатствата со препораки препорача на владите во светот да инсистираат сите да носат заштитни маски за лице на јавни места каде постои ризик од пренесување на коронавирусот, за да се намали ризикот од ширењето на пандемијата, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

Оваа мерка веќе ја имплементираме кај нас, покрај физичкото растојание и честото миење на раце. Задоволен сум што носиме вистински одлуки за заштита на здравјето на нашите граѓани. Апелирам да продолжиме да ги почитуваме мерките и заеднички да придонесеме кон спречување на ширење на овој вирус, пишува Филипче.