Денеска, на светскиот ден за борба против карцином на црн дроб, со здружението Хепар потпишана е Декларација за усвојување и воведување на стандарди за превенција, рана дијагностика и лекување на ова заболување, соопшти на Фејсбук министерот Филипче.

„Пациентите сега за прв пат имаат и терапија која е воведена на КИБФС и на Клиниката за гастроентерохепатологија. Станува збор за една патологија која бара мултидисциплинарен пристап,ова не е нешто што може да го реши еден лекар специјалист или може да се реши со еднодневно или краткотрајно лекување на пациентите. Ова е патологија која пациентите ја носат практично целиот живот и квалитетот на животот им зависи од тоа каква терапија ќе примаат, дали се тоа модерни лекови, дали е тоа современа терапија“, напиша министерот.

Овозможување најсоодветна и навремена дијагностика, терапија и следење на состојбата и исходите од лекувањето на пациентите, се заложбите чија цел е да им се овозможат најдобри опции на пациентите во рамки на постоечката здравствена рамка, вели Филипче.