„Уметниците живеат со сето срце во своите гради“: Лукаревска со емотивна објава му го честиташе Орденот за заслуги на нејзиниот татко Ѓокица Лукаревски

274
Фото: Фејсбук Сања Лукаревска

Претседателот Стево Пендаровски синоќа на свечена церемонија во Филхармонија, ги одликува со Орден за заслуги актерите Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски и Рефет Абази, писателката Оливера Николова, музичарот Ристо Вртев и режисерот Слободан Унковски.

„Благодарам за оваа награда која ја дoбив за еден минат труд којшто го изодев во овие 45 години. Горд сум на овој уметнички пат, но морам да кажам дека не ќе го изодев да не беа моите колеги кои ме поддржаа“, рече актерот Ѓокица Лукаревски.

Неговата ќерка, директорката на УЈП, Сања Лукаревска, на својот фејсбук профил му го честиташе орденот на нејзиниот татко не криејќи колку многу е горда на него.

„Уметниците живеат со сето срце во своите гради. Живеат за аплауз, за уште една премиера, за уште еден лик, за уште една Партија реми. И со ништо и за ништо не би го замениле тој живот. Како што и тој за мене е единствен. Мојот татко, ваш Ѓокица Лукаревски.

Честитам тато и им честитам на сите кои денеска беа одликувани од претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Добро е кога уметници добиваат ордени.

Како ним најмногу да им прилегаат.“, напиша таа.