Укинат најголемиот ДУП, што со издадените решенија?!  

542

Укинувањето на ДУП Ј07 со локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара од страна на Уставниот суд и отвори голем проблем на Општина Центар. Бидејќи не е важечки и оној од 2014 година, практично тој дел од општината сега е без детален план.

-Ова е најголем ДУП можеби и во државава. За сега не можеме да постапуваме се додека не добиеме одговор околу толкувањето. Има пристигнато голем број на предмети. Инвеститорите зеле кредит, направиле идејно решение , а не можат ништо да реализираат, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.      

За овој опфат од 1.1.2021, односно укинувањето на мораториумиот за градби од страна на Уставниот суд, Општина Центар има издадено 15 правосилни одобренија за градба, а површината која ја опфаќа планот е 136 хектари

Укинувањето на ДУП Ј07, со локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара од страна на Уставниот суд и отвори голем проблем на Општина Центар. Бидејќи не е важечки и оној од 2014 година, практично тој дел од општината сега е без детален план.

Градоначалникот Горан Герасимовски и Општина Центар веќе започнале консултативни средби со сите засегнати страни и институции кои се вклучени во постапката за донесување на планот.

Како што изјави Герасимовски, оствариле средба со судии, за да видат што понатаму. Воедно, оствариле средба и со претседателот на парламентот за да побараме толкување. Освен тоа, со Министерството за транспорт и врски се подготвуваат и официјално да достават до Парламентот за тоа како да се толкува одлуката на Уставниот суд, бидејќи, како што вели Герасимовски, не знаат на кој член од законот да се повикаат.

Тој додава дека според закон треба да се почне со реализација на нов ДУП.

-Бидејќи немаме планирано средства за годинава од буџетот на Општина Центар за таа намена, ќе треба тие да се обезбедат со ребаланс – наведе Герасимовски.

Тој смета дека со оваа одлука на Уставниот суд се отворил голем проблем за Општина Центар.

-Ова е најголем ДУП можеби и во државава. За сега не можеме да постапуваме се додека не добиеме одговор околу толкувањето. Има пристигнато голем број на предмети. Инвеститорите зеле кредит, направиле идејно решение, а не можат ништо да реализираат – истакна Герасимовски.  

Од Општина Центар информираат дека откако ќе се завршат сите консултативни процеси и се донесат релевантни заклучоци за натамошните чекори кои се однесуваат на овој план, Општина Центар навремено ќе ја информира јавноста.
Инаку, за овој опфат од 1.1.2021, односно укинувањето на мораториумот за градби од страна на Уставниот суд, Општина Центар има издадено 15 правосилни одобренија за градба, а површината која ја опфаќа планот е 136 хектари.

Уставниот суд на седницата на 25.01.2023 година ја укина Одлуката со која на 18 јули 2014-та година Советот на Општина Центар го донесе Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07 со локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара.

Тогаш судот оцени дека Одлуката за ДУП на Општина Центар е спротивна на Законот за локална самоуправа, поточно со членот 62 став 2 од овој Закон и оти не било обезбедено потребното мнозинство од 12 гласа „за“, како што предвидува Законот.

Тогаш портпаролка на Уставниот суд, Христина Беловска појасни дека согласно правното мислење на Судот, од вкупно 23 члена колку што броел Советот на Општина Центар присутни биле 12 члена, од кои „за“ донесување на Одлука за Деталниот урбанистички план гласале 11 члена, а еден бил против.

Според Судот со донесувањето на таа Одлука за Деталниот урбанистички план во Општина Центар е нарушена една од темелните вредности на уставниот поредок, а тоа е владеењето на правото.

Согласно одлуката на Уставниот суд, Општина Центар нема да може да издава одобренија за градби за конкретните локации кои се опфатени со Деталниот урбанистички план, бидејќи тој ДУП не постои од денот кога ќе биде објавена одлуката на Судот во „Службен весник“.

Подносител на иницијативата е Томе Симоновски, граѓанин од Скопје.

(А.П.)