Тореира во средниот ред

46

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина најверојатно ќе биде следната дестинација на уругвајскиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Атлетико (М), Лукас Тореира. Искусниот играч за врска е во сопственост на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, а првиот дел од актуелната сезона го одработи како позајмен играч на „Ванда Метрополирано. Уругваецот не е задоволен од минутажата во Мадрид и затоа сака да си замине веќе во јануари.