Тимот на “Медена земја“ рамо до рамо со холивудските легенди

153

Тимот на “Медена земја“ деновиве се дружи со холивудските легенди Бред Пит, Леонардо ди Каприо, Ал Пачино, Квентин Тарантино…

Имено, Тамара Котевска режисерката на македонскиот филм номиниран за најпрестижната филмска награда Оскар во две категории за најдобар документарец и странски филм, на социјалните мрежи постираше фотографии на кои таа заедно со  останатите од тимот, позираат покрај холивудските легенди.

“Колку многу сите ние научивме за правење филмови од овие ветерани. Сепак тука сме, стоејќи рамо до рамо до нив, сфаќајќи што е потребно за да се создадат бесмртни легенди: само обични смртници кои се родени како сонувачи и ќе умрат како сонувачи. ЧЕСТА Е НАША“, напиша Котевска на социјалните мрежи.