Такси-превозот ќе поскапи, но за колку, ќе се знае деновиве

79

Ова следува откако по предлогот стартот да чини 50 денари, а секој изминат километар 30 денари, следувале и други, а се доставени до градските власти. Од Советот за сообраќај веќе имаат драфт-верзија на предлогот, но како што велат таа треба да се доработи. – Предлогот за промена на тарифниот систем на такси возачите ќе се доработи. Се очекува во наредните денови тој да биде објавен, а на следната седница на Советот на Град Скопје да се стави како точка на дневен ред која треба да добие зелено светло од советниците, изјави за весникот ВЕЧЕР, претседателот на Советот за сообраќај, Ленин Јовановски  

Советот за сообраќај на Град Скопје ќе ја дефинира конечната цена на такси услугите. Ова следува откако по предлогот стартот да чини 50 денари, а секој изминат километар 30 денари, следувале и други, а се доставени до градските власти.

Од Советот за сообраќај веќе имаат драфт-верзија на предлогот, но како што велат, таа треба да се доработи.

– Предлогот за промена на тарифниот систем на такси возачите ќе се доработи. Се очекува во наредните денови тој да биде објавен, а на следната седница на Советот на Град Скопје да се стави како точка на дневен ред која треба да добие зелено светло од советниците – изјави за ВЕЧЕР, претседателот на Советот за сообраќај, Ленин Јовановски.  

Тој додаде дека без конечно да се дефинира предлогот, за новата цена не би сакале да објавуваат ништо.

– Се насочуваме кон решавање на проблемот со тарифниот систем кој произлезе од енормното зголемување на цената на нафтените деривати. Има неколку предлози, па сега се обидуваме да ги вклопиме во еден за да бидат задоволени сите страни – истакна Јовановски.

Инаку, такси-компаниите, такси-здруженијата, Синдикатот на таксисти,   Асоцијацијата на легални таксисти и Групацијата на автотакси превоз на Град Скопје неодамна имаа заедничка средба откако цените на нафтените деривати почнаа вртоглаво да растат. Тие по 11 години исти цена за такси-превозот се договорија да поднесат барање за корекција на цената и на тарифата на такси-превозот на територијата на град Скопје.

Предлогот беше стартот да биде 50 денари и 30 денари за изминат километар, за разлика од досегашната, која беше 40 денари старт и 25 денари за изминат километар. Но, во меѓувреме, како што информираше Сашо Рајчановски, претседател на Групацијата на автотакси превоз на Град Скопје и член на новоформираниот Совет за сообраќај се јавиле и други компании со предлози, па затоа морало да се реагира на ваков начин, односно со единствен предлог да пресече Советот за сообраќај на Град Скопје.

Инаку, Советот за сообраќај беше формиран на 16 овој месец и како што информира градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, има за цел дејствување во насока на зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот, подобрување на јавниот превоз и сообраќајната инфраструктура во Скопје. Тој е составен од девет члена, сообраќајни експерти, професори и стручни лица од областите поврзани со сообраќајот во Град Скопје и треба да креира политики, предлози и сугестии за подобрување на сообраќајот и сообраќајната инфраструктура во Градот Скопје.

(А.П.)