Сообраќаен мост ќе ги поврзе Лисиче и Маџари, се бара проектант

5669

Со цел да се олесни движењето на граѓаните и да се скрати патувањето меѓу двете страни на реката Вардар во Скопје, потребно е да се изградат нови осум моста. Во населбата Лисиче, освен еден пешачки мост, според ГУП-от е зацртан и сообраќаен мост кај улицата „Индустриска 1“, кој треба да ги поврзе Лисиче и Маџари. Токму деновиве Град Скопје подготвува основен проект со урбанистички проект со сите фази за сообраќајниците: „Февруарски поход”, „Маџари”, со мост на реката Вардар, раскрсницата со улицата „Индустриска 1”, како и раскрсницата со булеварот „АСНОМ”. За таа цел, Град Скопје распиша тендер за избор на фирма со најповолна понуда, која би го изработила основниот проект, заедно со урбанистичкиот

 

Со цел да се олесни движењето на граѓаните и да се скрати патувањето меѓу двете страни на реката Вардар во Скопје, потребно е да се изградат нови осум моста. За некои е планирано да бидат пешачки, за некои – за возила, како оној кај спортскиот центар „Јане Сандански“, мостот „Михајло Апостолски“ кој е готов, но сè уште не е пуштен за сообраќај.

Во населбата Лисиче, освен еден пешачки мост, според ГУП-от е зацртан и сообраќаен мост кај улицата „Индустриска 1“, кој треба да ги поврзе Лисиче и Маџари. Токму деновиве Град Скопје подготвува основен проект со урбанистички проект со сите фази за сообраќајниците: „Февруарски поход”, „Маџари”, со мост на реката Вардар, раскрсницата со улицата „Индустриска 1”, како и раскрсницата со булеварот „АСНОМ”. За таа цел, Град Скопје распиша тендер за избор на фирма со најповолна понуда, која би го изработила основниот проект, заедно со урбанистичкиот.

Како што се наведува во тендерот, урбанистичкиот проект е за инфраструктурата со сите фази за наведените сообраќајници, а основната цел е подобрување на функцијата на примарната мрежа сообраќајници во градот, зголемување на проточноста на сообраќајот, како и зголемување на безбедноста во сообраќајот на овој дел од градот. Проектот за инфраструктура треба да содржи планско решение за постојната и планираната подземна инфраструктура во сите фази.

– Постојната сообраќајница со својот непречен профил веќе не ги задоволува потребните сообраќајни услови од аспект на пропусна моќ, ниво на услуга, економичност и безбедност во сообраќајот – се образложува во тендерот.   

Освен тоа, треба да се предвидат пешачки и велосипедски патеки на пресекување со мостот. Проценетата вредност на изработката на проектот, без ДДВ, е осум милиони денари. Заинтересираните можат да ги достават своите понуди до Град Скопје најдоцна до 12.5.2023 година, во 12 часот, кога и ќе се спроведе нивното јавно отворање.

Инаку, во Генералниот урбанистички план и натаму се предвидени клучните мостови што се дел од примарната сообраќајна мрежа, оној кај Владата и во Маџир Маало. Мостот кај Владата е продолжение на булеварот „Климент Охридски“, кој откако ќе ја премости реката, треба да минува во тунел под Калето и да се поврзе со улицата „Никола Карев“ во Чаир, за која, исто така, е предвидено да прерасне во булевар од примарната мрежа, односно урбан автопат.

Идејата за урбани автопатишта каде што може безбедно да се вози со поголема брзина е стара повеќе децении, од планот од 1965 година. Оттогаш е и идејата за изградба на булеварот „Крушевска република“, кој треба да мине со мост преку Маџир Маало и треба да служи како брза попречна врска меѓу северниот и јужниот дел на градот. Доколку се изгради булеварот, во секој случај ќе се изведе и мостот.

Мост што има шанси поскоро да биде изграден е оној што е предвиден во Карпош – продолжение на улицата „Љубљанска“, која поминува покрај ТЦ „Сити мол“. Во Карпош е планиран и друг мост преку Вардар, како продолжение на булеварот „Илинден“. Овој булевар е зацртан преку Влае, покрај брегот на реката Лепенец, до Волково, каде што треба да излезе на северната обиколница. Меѓутоа, во тој реон нема тесно грло, поради постоење на мостот „Обединети нации“ и поради вториот мост во Хром, кои значително го растоваруваат сообраќајот.

(А.П.)