Се решава проблемот со недостог на вода во Кучково

64

Од Општина Ѓорче Петров информираат дека во моментов се работи на отстранување на проблемот со недостиг на вода во Кучково.
Како што велат оттаму, се санира дефектот со водоводната пумпа кај манастирот „Свети Ѓорѓија“.

-Станува збор за стари пумпи и плитки бушотини од 20 до 30 метри кои не ги задоволуваат потребите .Минатата година избушена е длабочина од 106 метри со мал проток на вода. Општината обезбеди средства за ископ на нова бушотина, по претходни хидрогеолошки испитувања од страна на ИЗИИС-потенцираат од Општина Ѓорче Петров и молат за трпение.