Се реконструира улицата „Александар Урдаревски“ и за време на полицискиот час

161

Овој викенд, екипите на Град Скопје интензивно работат на реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“ во Бутел.

– Неодамна започна асфалтирањето на една лента од улицата, а во текот на полицискиот час се работи и на втората лента од кружниот тек на улицата „Боца Иванова“ до крстосницата со улица „Бутелска“ во должина од 850 метри – информираат од Град Скопје.

На улицата досега беше изведена комплетно нова атмосферска канализација и другите подземни инсталации.

Оваа улица во Бутел е една од најважните сообрајници за граѓаните од таа општина, кои во голем број секојдневно се движат и поминуваат по овој дел од улицата „Александар Урдаревски“.