Се преиспитува светоста на папата Војтила, Полска ја тресе црковен педофилски скандал

307

Прославата на стотата годишнина од раѓањето на Јован Павле Втори во неговата родна земја речиси е засенета од новиот шокантен документарец за децении несанкционирана педофилија во тамошната Католичка црква.

Филмо досрж ги потресе конзервативните кругови и го разниша општеството: валада се прозива оти во официјалниот регистар на полски педофили, напсроти стотиците познати случаи, нема ниеден свештеник, а во Сејмот (Парламентот) се расправа за основање на посебна комисија за истражување на црковата педофилија.

Настаните кои ги покренаа задоцнетите повици за правда датираат од деведесеттите години, од времето на најголемата слава на Војтила.  Падна Берлинскиот ѕид, црковното влијание во Полска и цела источна Европа е во подем, а во градот Плешев, во религиозно семејство, растат две момчиња: Јакуб и Бартек Панковјак. Татко им свири оргули во месната црква, па свештеникот Акадиуш им е речиси како член на семејството.

Авторитетот и блискоста со децата тој ги злоупотребува секогаш кога нивните родители не се во близина, а браќата, засрамени поради тоа молчат повеќе од 20 години. Својата страума ја откриваат дури во филмот „Игра миженка-криенка“ од авторите Марек и Томаш Секјелски кои во својот прв документарец минатата година ја отворија темата за едно од најважните полски табуа.

Жртвите, кои денес и самите се родители, во филмот наоѓаат храброст да се соочат со својот мачител кој питијски одговара дека се чувствува виновен пред Бога и дека поради сето тоа се моли секој ден. Авторите на документарецот открија дека има уште десетици жртви на истиот свештеник во овој мал град.

Кога родителите на едно од децата кое поради сексуално злоставување се разболело во 2016 година побарале разговор со спорниот свештеник, дон Аркадиуш им рекол дека многу повиновен од него е ѓаволот што ја уништува светоста кај луѓето. Им признал дека и бискупот бил детално упатен во неговиот случај, а таа негова изјава е тајно снимена.

Бискупот Едвард Јанијак го суспендирал грешниот свештеник дури откако слушнал за исказот во кој и самиот е споменат. Полскиот епископат официјално изрази алење поради тоа, а надбискупот Војчех Полк во име на бискупската конференција побара истрага од Ватикан, врзоснова на документот за заштита на малолетниците што лани го издаде актиелниот папа Франциск.

Но, надбискупот Полак истага бараше и по првиот документарец на браќата Секјелски за свештеничка педофилија, н до ден денешен истрага не е започната.

Откако документарецот „Игра миженка-криенка“ на ЈуТјуб го изгледа речиси 7 милиони луѓе, полските конзервативни власти последниве денови невешто преземаат институционални активности, па Обвинителството тврди дека свештеникот Аркадиуш е предмет на истрага од есента 2019 година.

Иѕвештаите на повеќе здруженија содржат над 400 описи и сведоштва од жртви на злоставување од свештеници во Полска, но во официјално владин регистар на педофили нема ниеден свештеник, пишува Дојче веле.

Според последните анкети над 70 отсто Полјаци бараат државата порешително да се пресмета со настраните свештеници.

Според Гардијан, браќата Секјелски подготвуваат и трет документарен филм на истата тема. Во него имаат намера детално да ја истражат улогата на папата Војтила, светиот Јован Павле Втори, во прикривањето на свештеничките злосторства врз деца за време на неговиот понтификт од 1978 до 2005 година.

Документарецот на браќата Секјелски можете да го погледнете тука.