Двете најголеми македонски партии се скараа за Гоце Делчев. За СДСМ Декларацијата што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во Собранието по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев е политичко подметнување од страна на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се продлабочат поделбите во македонскиот народ и оди на штета токму на неговиот лик и дело. За ВМРО-ДПМНЕ декларацијата е значаен документ за ликот и делото на Гоце Делчев како учител, народен трибун и револуционер која треба да ја поддржат сите, со што ќе покажат почит кон оваа централна личност од македонската историја

 

 

 

Двете најголеми македонски партии се скараа за Гоце Делчев. За СДСМ Декларацијата што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во Собранието по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев е политичко подметнување од страна на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се продлабочат поделбите во македонскиот народ и оди на штета токму на неговиот лик и дело. За ВМРО-ДПМНЕ декларацијата е значаен документ за ликот и делото на Гоце Делчев како учител, народен трибун и револуционер која треба да ја поддржат, со што сите заедно ќе покажат почит кон оваа централна личност од македонската историја.

Социјалдемократите бараат ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече Декларацијата и, како што велат, ако навистина сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ да се вклучат на конструктивен начин во процесите кои се од национален интерес.

–Гоце Делчев е еден од најзначајните македонски национални херои чие наследство силно го промовираме. Од овој став не сме отстапиле ни милиметар. Популистичките игри на ВМРО-ДПМНЕ се на штета на ликот и делото на великанот Делчев. Наспроти ваквото политиканство во најдобриот дух на визијата на македонскиот великан, ние почнавме со градење мостови и културен натпревар со цел решавање на сите отворени прашања. Тоа бил и неговиот поглед за иднината и тоа е духот во кој ќе продолжиме понатаму. Срамно е што ВМРО-ДПМНЕ се обидува ова да му го направи на македонскиот херој Гоце Делчев, рече вчера координаторот на СДСМ, Никола Митрески.

Според СДСМ, македонскиот национален херој Делчев не заслужил да биде сведен на политичка декларација, а делото на великанот и неговиот историски придонес во создавањето на македонската држава не заслужува ваков потценувачки однос.

-Моштите на Гоце Делчев се во Скопје, во главниот град на македонската независна држава и тука ќе останат. Гоце Делчев е вграден во македонската национална химна и таму ќе остане. Имаме град што го носи неговото име, училишта и библиотеки, улици и бројни споменици. Големо е неговото дело и почитта кон него, рече Митрески.

Тој истакна дека вакво, како што рече, политичко понижување на делото на Делчев е штета на грбот на националниот интерес и прави да нема разлика помеѓу Христијан Мицкоски и некои други бугарски политичари кои имаат за една цел – градење на политички кариери преку одржување на спорот меѓу двете држави.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, и вчера ги повика СДСМ и останатите политички партии да ја поддржат декларацијата и да кажат што точно им е неприфатливо во поднесената декларација за Делчев.

-Сакаме да потенцираме дека иако на денот на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев ние ја најавивме оваа Декларација и таа веќе е поднесена до Собранието, досега три дена молк од СДСМ, како и од останатите политички партии во Македонија. Ја користам оваа прилика да ги повикам СДСМ, како и останатите политички партии во македонското Собрание да се изјаснат со официјален став по повод на оваа значајна Декларација и да покажат дека ликот и делото на Гоце Делчев како учител, народен трибун и револуционер за соработка, за толеранција и за соживот и тоа како заслужува да се донесе ваква декларација токму во законодавниот дом со што сите заедно ќе ја покажеме нашата заедничка почит кон оваа централна личност од македонската историја, порача на вчерашната прес-конференција  пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска.

Според неа, само со единство, достојно почитување, достојно прославување и одбележување на дострелите на нашите предци од минатото можеме дополнително да ги зајакнеме демократските темели на државата и на македонското општество.

Во Декларацијата од осум точки што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ по повод 150 годишнината од роденденот роденденот на Гоце Делчев се реафирмираат наследството, улогата и неговото значењето. Таа се уште не е стигната во рацете на собранискиот спикер Талат Џафери,  и останува неизвесно дали ќе се најде на дневен ред на седницата во четврток.

И додека двете најголеми македонски партии се со сосема спротивставени ставови во врска со Декларацијата, во јавноста не стивнуваат бурните реакции по последната изјава на претседателот на нашата комисија Драги Георгиев, кој на поставеното прашање „кое често предизвикува несогласување, кога и да се спомене, е терминот бугарски фашистички окупатор“, тој одговара „Бугарија не може да ја дефинираме како класична фашистичка земја, како што може да се каже за фашистичка Италија или нацистичка Германија.

-Ние може да ја третираме Бугарија како пронацистичка и профашистичка земја, меѓутоа Бугарија не е фашистички држава во тоа време“ – рече Ѓоргиев.

На овој став на Георгиев, вчера остро реагираше професорот Тодор Чепреганов.

-Не директоре, не професоре, не академиче, Бугарија не само што била фашистичка држава туку била наци-фашистичка. Ова излегува како Бугарија да била „село без кучиња“ и секој можел да прави што сака без контрола на државата. Ме чуди што на секој начин гледате да ги оправдате Бугарите и да ги амнестирате од нивното наци-фашистичко минато без аргументи или Вие имате свои, непознати за историската наука?! Камо толку да се залагавте за Гоце Делчев, а не политиката да Ве користи како нејзина продолжена рака па вие да се вадите. Самото тоа што го зборувате дека во Бугарија владеел авторитативен систем под цар Борис го зборува спротивното. Сакате да кажете дека царот и неговата камарила биле хуманисти, а некои таму од граѓанските партии биле фашистички и нацистички., вели меѓу другото, професорот Чепреганов.