Санкционирани 216 непрописно паркирани возила во Центар

36

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција изминатата седмица санкционирале 216 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што соопштија од ЈП ПОЦ, во периодот од 18.07. до 24.07.2022 година, со помош на нивните специјалните возила „пајак“ биле отстранети  111 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ биле санкционирани 105 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар.  Тие потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.