Санкционирани 147 непрописно паркирани возила во Центар

37

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција за седум дена санкционирале 147 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што информираат од ЈП ПОЦ, во периодот од 29.03. до 04.04.2021 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на претпријатието отстранети се 59 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ санкционирани се 88 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите, но и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места, за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.