Борусија Дортмунд без Мукоко до крајот на сезоната

28

Младиот 16-годишен напаѓач на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко пред време ја заврши актуелната сезона поради повреда на лигаментите на стапалото, соопшти петтопласираната екипа во Бунеслигата.

Мукоко се повреди додека настапуваше за германската репрезентација до 21 година во групната фаза на тековното Европско првенство.

Екипата на Борусија отпатува за Манчестер каде денеска од 21 часот го игра првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампиони против домаќинот Сити.

Покрај Мукоко, утрешниот меч во редовите на Борусија ќе го пропушти и Џејдон Санчо, исто така, поради повреда.