САД: За 2-3 недели ќе знаеме дали вакцините се ефикасни против новата омикрон варијанта

69

САД очекуваат да добијат информации во рок од 2-3 недели за тоа колку се ефикасни достапните вакцини против новиот сој на коронавирус – омикрон, изјави денеска за Си-Ен-Ен Френсис Колинс, шеф на американскиот националните институти за здравство. Тие се дел од Министерството за здравство и човечки услуги во земјата.

– Загрижени сме дека, во најлош случај, вирусот може да биде толку различен што вакцините нема да обезбедат заштита од него. Овој аспект мора да се тестира што е можно поскоро. Врз основа на она што се случува во Јужноафриканската Република, каде се вакцинирани околу 37 отсто од населението, по 2-3 недели треба да добиеме информација колку е поефикасна нивната заштита од онаа на невакцинираните, рече тој.